УТРО.мк

Меџити: Пензионерите не бараат милост, туку достоинство – и тоа целосно го заслужуваат

Меџити: Пензионерите не бараат милост, туку достоинство – и тоа целосно го заслужуваат
Vero

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска се сретна со претставници од Здружението на пензионери од Чаир, при што испрати порака дека пензионерите не бараат милостина, туку достоинствен живот.

„Оваа генерација со труд, жртва и посветеност го изгради овој народ и оваа држава. Наша должност е да им го вратиме заслуженото почитување“, изјави Меџити.

Тој посочи дека за само една година пензиите се зголемени за 7.000 денари, што е, како што рече, доказ дека политиката може да биде алатка на достоинство и правда, а не на заборав.

Меџити најави понатамошни инвестиции во здравјето, социјалната грижа и благосостојбата на пензионерите. Дел од најавените мерки се подобрување на инфраструктурата, поквалитетни и почувствителни социјални услуги, како и гаранција за еднаквост и почит за секој пензионер.

„Благодарен сум за мудроста, искуството и довербата што ни ја давате. Заедно ја градиме иднината што ја почитува минатото и го вреднува секој придонес“, порача Меџити.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран