УТРО.мк

Трајно одземање на возилото за пијани, дрогирани и диви возачи – нова мерка за поголема безбедност во сообраќајот

Трајно одземање на возилото за пијани, дрогирани и диви возачи – нова мерка за поголема безбедност во сообраќајот
Vero

Најнеодговорните учесници во сообраќајот наскоро ќе се соочуваат со една од најстрогите мерки досега – трајно одземање на возилото. Новите измени во Законот за безбедност во сообраќајот, Законот за прекршоци и Кривичниот законик предвидуваат конфискација на возилата за лица кои управуваат автомобил без возачка дозвола, под дејство на алкохол или дроги, како и за оние што возат со екстремно пречекорена брзина.

Ова е првпат во земјава да се воведе трајно одземање на возило како казнена мерка.

Според најавите, нема да има зголемување на глобите, но ќе има ригорозни санкции. Покрај конфискацијата на возилото, со измените во Кривичниот законик, секое безобѕирно управување со моторно возило ќе повлекува задолжителна затворска или условна казна, освен паричната.

Возилата што ќе бидат одземени ќе се донираат на јавни институции и ќе бидат ставени во служба на граѓаните.

Целта на новите мерки е да се зајакне превенцијата и да се подигне свеста за безбедноста во сообраќајот, поради зголемениот број инциденти со трагични последици.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран