Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) ја заврши претквалификацијата за избор на најдобар изведувач за изградба на автопатската делница Букојчани – Кичево, важен дел од Европскиот патен коридор 8. Во процесот на претквалификација се пријавија девет компании, кои добија покана да ги поднесат своите понуди до 30 септември 2025 година.
Изградбата на автопатската делница долга околу 11,5 километри ќе биде финансирана со заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). По завршувањето на евалуацијата на понудите ќе биде избран најдобриот изведувач, кој ќе го реализира проектот.
Овој автопатски проект е клучен за подобрување на мобилноста, безбедноста и економскиот развој, бидејќи ќе овозможи побрз и побезбеден сообраќај на патници и стоки меѓу градовите на Коридорот 8. Постоечката патна инфраструктура на оваа делница е стара повеќе од половина век и не ги задоволува современите потреби поради зголемениот сообраќај и неповолните возни услови.
Во меѓувреме, активните градежни работи на делниците Гостивар – Букојчани и Кичево – Охрид, кои ги реализираат компаниите Бехтел и Енка, се во полн ек. По завршувањето на сите проекти, Коридорот 8 ќе биде целосно автопатско поврзување од Скопје до Охрид, што ќе значително ќе го подобри транспортот и туризмот во земјата.