Тони Тоневски, кандидат за градоначалник на Пробиштип од ВМРО-ДПМНЕ и поранешен градоначалник на општината, ја истакна значајната поддршка што Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја дава за развојот на Пробиштип. Според него, со владина поддршка и со градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, инвестициите во општината ќе бидат уште поголеми, посветени и постојани.
Тоневски нагласи дека денес се гледа разликата кога Владата има слух за потребите на граѓаните, без оглед на партиската припадност на локалната власт. Тој додаде дека ова е одговорен пристап кој гради и обединува, а не дели.
Свеж пример за оваа поддршка е одлуката на Министерството за спорт и министерот Борко Ристовски за одобрување на 15.591.406 денари (253.338 евра) за проектот „Уредување на градски стадион ‘Рудар’ со рекреативна зона“. Според Тоневски, оваа инвестиција ќе донесе придобивки за младите, спортистите, учениците, рекреативците и семејствата во општината, бидејќи се вложува во квалитетот на живот и во иднината на Пробиштип.
Тоневски порача дека секоја општина и секој граѓанин заслужуваат внимание и развој, а тој како кандидат ќе продолжи да се грижи за Пробиштип со конкретни дела, а не само со зборови.
„По локалните избори, со нов градоначалник и Совет од ВМРО-ДПМНЕ, Пробиштип повторно ќе се издигне. Повторно ќе се гради, ќе се инвестира и ќе се слуша секој човек – затоа што за нас, луѓето се пред се“, изјави Тоневски.
Тој ги повика граѓаните на Пробиштип да гласаат за промени и развој, додавајќи дека времето е за Промени – време е за Пробиштип!