УТРО.мк

ВРЕДИ ги утврди кандидатите за градоначалници за локалните избори

ВРЕДИ ги утврди кандидатите за градоначалници за локалните избори
Vero

Коалицијата ВРЕДИ го финализираше договорот за распределба на кандидатите за градоначалници за претстојните локални избори што ќе се одржат во октомври годинава. Според информациите на порталот ИНА, одлуката била донесена на синоќешната клучна средба меѓу лидерите на партиите што ја сочинуваат оваа коалиција.

Кандидати за градоначалници од ВРЕДИ ќе се натпреваруваат во речиси сите општини со мнозинско албанско население. Како што стои во договорот, за Чаир ќе биде кандидат актуелниот прв вицепремиер Изет Меџити, додека во Тетово ќе се кандидира лидерот на БЕСА, Билал Касами. За Кичево е предложен Фатмир Лимани, а за Гостивар – Фадил Цана.

Мухамед Елмази ќе биде кандидат во Сарај, Фисник Мела во Дебар, Фети Абази во Боговиње, а Даут Мемиши во Теарце. За Желино ќе се натпреварува Блерим Сејдиу, за Брвеница – Хаќим Рамадани, за Студеничани – Афет Јашари, за Липково – Неџмедин Садику, а за Врапчиште – Хамит Шабани.

Во однос на општина Арачиново, се уште не е донесена конечна одлука, но се разговара меѓу двајца потенцијални кандидати.

Формалната потврда и официјализација на кандидатурите од страна на раководството на коалицијата ВРЕДИ се очекува во наредниот период.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран