УТРО.мк

Омерагиќ со честитка до Шкендија: Чекор по чекор, докажуваме дека во Македонија се игра квалитетен фудбал

Омерагиќ со честитка до Шкендија: Чекор по чекор, докажуваме дека во Македонија се игра квалитетен фудбал
Vero

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Месер Омерагиќ, им упати честитка на фудбалерите, стручниот штаб и раководството на ФК Шкендија по синоќешната победа и пласманот во третото квалификациско коло за Лигата на шампионите.

„Браво момци! Честитки за победата и пласманот во 3. коло од квалификациите за Лигата на шампиони. Чекор по чекор, заеднички докажуваме дека во Македонија се игра квалитетен фудбал“, напиша Омерагиќ во пораката.

Тој се заблагодари и на навивачите за поддршката и изрази надеж за нови успеси на европската сцена.

„Продолжете да нѐ радувате. Се надеваме на нови победи во европските натпревари“, порача претседателот на ФФМ.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран