УТРО.мк

Сообраќајна несреќа го блокира патот Струмица–Берово кај Сарајска раскрсница

Сообраќајна несреќа го блокира патот Струмица–Берово кај Сарајска раскрсница
Vero

Од 22:10 часот вечерва, сообраќајот на регионалниот пат Струмица–Берово е во целосен прекин кај таканаречената Сарајска раскрсница, поради сообраќајна несреќа, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

Надлежните служби се на терен и работат на расчистување, а повеќе детали за инцидентот засега не се објавени. Возачите се повикуваат на внимателност и да користат алтернативни правци додека трае интервенцијата.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран