СВР Тетово информира дека во денешната сообраќајна несреќа животите ги загубиле возач на 59 години и две сопатнички на 55 и 71 година.
Тие се наоѓале во патничкото возило „Опел“ со тетовски таблици каде има и повреден сопатник-дете кое е примено на болничко лекување.
Сообраќајната несреќа се случи околу 15.45 часот на автопатот Тетово-Скопје кај клучка „Север.
„Се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Опел Астра“ со тетовски регистерски таблици, управувано од Т.И.(59) од Тетово и автобус „Ман“ со скопски регистерски таблици управувано од Ш.Д.(62) од Тетово. Во незгодата животот го изгубиле возачот Т.И (59) и сопатничките И.И.(55) и З.М.(71) од Тетово, додека сопатниот Р.И. од Тетово се здобил со телесни повреди и ќе биде задржан на опсервација во Клиничка болница Тетово“
Увид на местотот е во тек кој го презел дежурниот Јавен Обвинител и Увидна екипа од СВР Тетово.