УТРО.мк

„ВЛЕН“ најави обединување: Пет политички субјекти стануваат една организација

„ВЛЕН“ најави обединување: Пет политички субјекти стануваат една организација
Vero

Коалицијата „Влен“ најави ново политичко прегрупирање, со кое пет од нејзините составни политички субјекти ќе се слеат во една заедничка организација, што според нив претставува почеток на поцврста и поединствена фаза во албанскиот политички корпус во земјата.

Од коалицијата порачуваат дека со овој чекор се става крај на, како што велат, долг период на расцепканост и влијание на тесни интересни групи во албанската политика. Тие тврдат дека досегашниот модел овозможувал одлуки да се носат зад затворени врати и во корист на мал број поединци, наместо во интерес на пошироката заедница.

„ВЛЕН се трансформира во единствена политичка сила“, стои во нивната порака, во која дополнуваат дека обединувањето е неопходно за, како што наведуваат, заштита на политичкиот глас на Албанците и за прекин на практиките на поделби, политички притисоци и задкулисни договори.

Пет различни политички субјекти, според најавата, отсега ќе функционираат како една целина. Од таму нагласуваат дека токму таквата структура ќе овозможи поорганизирано и поефикасно политичко делување.

Новата платформа, како што велат од „Влен“, ќе се темели на неколку клучни столбови: владеење на правото, бескомпромисна борба против корупцијата, независни институции на правдата, забрзување на европските интеграции, силно партнерство со НАТО, како и зачувување на семејните вредности, традицијата и културниот идентитет.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран