
Тригодишната затворска казна за гинекологот Мухамед Асани стана правосилна откако Апелациониот суд во Битола ја одби неговата жалба и ја потврди пресудата за тешки дела против здравјето на луѓето. Со ова, останува во сила и забраната тој да ја извршува лекарската професија во наредните пет години.
Станува збор за случајот на Јалдз Веапоска од Дебар, кој ја потресе јавноста, а во кој за време на царски рез, според утврденото во постапката, биле отстранети матката, еден јајчник и бубрег.























