УТРО.мк

15-годишник од тетовско избодел две лица пред училиште, пронајдени нож и штрафцигер

15-годишник од тетовско избодел две лица пред училиште, пронајдени нож и штрафцигер
Vero

Полициски службеници од СВР Тетово вчера лишиле од слобода 15-годишник од село Желино, постапувајќи по пријава истиот ден во 16:40 часот од Клиничка болница Тетово дека кај нив биле донесени А.К. (19) и М.А. (18) со повреди од остар предмет.

-По преземени мерки, утврдено е дека тие пред средно училиште во Тетово биле нападнати со остар предмет од 15-годишникот, кој исто така се здобил со повреди, вели портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

Извршен бил увид на местото на настанот и при тоа пронајдени се нож и штрафцигер.

Известен бил и јавен обвинител и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран