УТРО.мк

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје
Vero

Во Скопје утре ќе се одржи синдикален протест по повод Меѓународниот ден на трудот, во организација на Сојуз на синдикатите на Македонија. Собирот е најавен за 11 часот, а маршот ќе започне пред седиштето на синдикатот на улицата „Мирче Ацев“.

Планираната маршрута ќе се движи низ централното градско подрачје, опфаќајќи повеќе главни сообраќајници, со крајна дестинација пред Владата. Поради тоа, надлежните институции најавуваат воведување привремен режим на сообраќај, со можни застои и пренасочувања долж трасата по која ќе се движат демонстрантите.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека полициски службеници ќе бидат распоредени на терен и апелираат граѓаните да ги почитуваат нивните насоки со цел безбедно одвивање на протестот и сообраќајот.

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, во пресрет на настанот упати повик до работниците масовно да излезат и да ги изразат своите барања. Тој истакна дека протестот има за цел повторно да се актуелизира прашањето за зголемување на минималната плата на 600 евра, како и да се укаже на ризиците од евентуално укинување на колективниот договор во културата.

Дополнително, синдикатот ќе алармира и за потребата од засилени инспекциски контроли, потенцирајќи ја важноста од подобрување на условите за работа и спречување на несреќи на работното место.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран