УТРО.мк

Делови од Центар, Карпош и Драчево утре ќе бидат без струја

Делови од Центар, Карпош и Драчево утре ќе бидат без струја
Vero

Поради најавени технички зафати во електродистрибутивната мрежа, во четврток, 30 април 2026 година, неколку делови од Скопје ќе останат без напојување со електрична енергија.

Според податоците за планираните прекини, струја нема да има на следните локации:

ДРАЧЕВО: од 06:00 до 09:00 часот
Без струја ќе биде дел од ул. „Јустинијан Први“ во Драчево, на потегот од кај бензинската Макпетрол накај црквата Св. Спас.

СКОПЈЕ – ЦЕНТАР: од 09:00 до 12:00 часот
Прекин ќе има на ул. „Славејко Арсов“ на броевите 70, 90 и 92.

СКОПЈЕ – КАРПОШ: од 09:00 до 14:00 часот
Без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците на ул. „Ловќенска“ на броевите 27, 29, 31, 33, 35 и 37.

Од електродистрибуција соопштуваат дека прекините се неопходни за изведување планирани реконструкции и зафати за подобрување на мрежата. Ги повикуваат корисниците од овие реони навреме да ги прилагодат своите обврски.

Доколку екипите ги завршат работите пред предвидениот рок, напојувањето ќе биде вклучено порано. Се препорачува исклучување на почувствителните електрични уреди за време на прекинот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран