УТРО.мк

Грција воведува нови правила: 251 плажа без лежалки, чадори и градби

Грција воведува нови правила: 251 плажа без лежалки, чадори и градби
Vero

Грчките власти воведуваат нов пакет еколошки мерки со кои 251 плажа низ земјата ќе добијат статус на строго заштитени подрачја, каде ќе биде забрането поставување лежалки, чадори за сонце и какви било објекти или привремени конструкции.

Како што соопшти грчкото Министерство за животна средина, целта на мерките е зачувување на крајбрежните екосистеми и природните карактеристики на најосетливите подрачја, кои имаат висока еколошка, геоморфолошка и естетска вредност.

Овие плажи, од кои голем дел се дел од мрежата НАТУРА 2000, ќе бидат целосно изземени од комерцијално користење, што значи дека нема да се дозволува нивно издавање, ниту поставување на туристичка инфраструктура што би го нарушила природниот изглед на брегот.

Во рамки на новите правила, строго ќе се контролира и секое човечко влијание врз овие зони, со цел да се заштитат растителните и животинските видови кои зависат од крајбрежните живеалишта.

Властите посочуваат дека мерката е дел од поширока стратегија за справување со притисокот од масовниот туризам и последиците од климатските промени, кои сè повеќе влијаат врз стабилноста на крајбрежните области.

Според најавите, со овие промени Грција се насочува кон поодржлив модел на туризам кој ќе обезбеди долгорочна заштита на природата и зачувување на автентичниот изглед на нејзините плажи.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран