
На 28 април 2026 година во 15:30 часот во СВР Тетово, М.Ќ. (55) од село Шипковица, тетовско, пријавил дека бил физички нападнат.
Според пријавата, на 27 април 2026 година околу 22:00 часот на улицата „Киро Ристовски Дрнц“ во Тетово, додека извршувал работни задачи во Јавното комунално претпријатие Тетово, тој бил нападнат од едно лице.























