
На 28 април 2026 година во 08:55 часот во СВР Тетово е пријавено дека на булеварот „Илинденска“ во Тетово се случила сообраќајна незгода во која патничко возило „фолксваген пасат“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Р. (54) од Тетово, удрило во пешакот А.К. (29) од Тетово.
Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница во Тетово.
По насоки на јавен обвинител, увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово.























