УТРО.мк

Без струја денес во дел од Центар

Без струја денес во дел од Центар
Vero
struja
struja

Жителите на дел од општина Центар денеска ќе се соочат со неколкучасовен прекин во снабдувањето со електрична енергија, поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа, информираат од ЕВН Македонија АД.

Без струја, во интервалот од 08:30 до 15:30 часот, ќе останат станарите од улицата „Ленинова“, поточно во зградата број 29, каде што прекинот ќе ги опфати сите три влеза. Во истиот период, електрична енергија нема да има ниту еден угостителски објект лоциран во оваа централна градска зона.

Од компанијата посочуваат дека станува збор за редовни зафати со цел подобрување на сигурноста и квалитетот на електроснабдувањето, апелирајќи до граѓаните за разбирање и трпение додека траат работите.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран