
Делови од Скопје, поточно општина Центар, утре (29 април 2026) ќе бидат без електрична енергија поради планирани прекини.
Според информациите, струја нема да има во периодот од 08:30 до 15:30 часот на улицата „Ленинова“, зграда број 29, влезови 1, 2 и 3.
Прекин е најавен и за објектот на ресторанот „Sushi Co“ во истиот временски интервал.
Од надлежните информираат дека станува збор за редовни активности за одржување на електродистрибутивната мрежа, со цел обезбедување постабилно и поквалитетно снабдување со електрична енергија.























