УТРО.мк

Утре делови од Тетово и тетовско без струја поради планирани прекини

Утре делови од Тетово и тетовско без струја поради планирани прекини
Vero

Делови од Тетово и тетовско утре (29 април 2026) ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини.

Според најавите, прекините ќе се реализираат во периодот од 09:00 до 14:00 часот и ќе опфатат повеќе локации. Во селото Палатица без струја ќе бидат објектите на влезот во селото од страната на Желино.

Во градот Тетово, електрична енергија ќе нема во дел од населбата Деребој, во близина на индустрискиот објект „Викторија“, како и кај објектите на ЗИК Ладилник и ЗИК Млекара. Прекини се најавени и за делови од градот на патот кон Требош, по Палма Мол, како и на улицата Киевска кај Арабати.

Без струја ќе остане и дел од селото Голема Речица.

Надлежните информираат дека станува збор за планирани активности за одржување и унапредување на електродистрибутивната мрежа, со цел подобрување на квалитетот на снабдувањето со електрична енергија.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран