УТРО.мк

2924 наспроти 2675 поени – УКИМ избра ректор

2924 наспроти 2675 поени – УКИМ избра ректор
Vero

Професорите ја реизбраа Билјана Ангелова, актуелната ректорка на Универзитетот Св. Кирил и Методиј на денешните избори за прв човек на најстариот универзитет во земјава.

Како што информираат за Радио Лидер извори од изборната комисија, Ангелова освоила 2924 поени, наспроти нејзиниот против кандидат Дарко Данев кој освоил 2675 поени.

Биљана Ангелова е родена во Скопје. Додипломски и последипломски студии завршила на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде и докторирала во 1999 година на Економскиот факултет.

Во Економскиот институт е вработена од 1992 година, каде во континуитет се избира во сите научни и наставно-научни звања. Во 2007 година првпат е избрана во највисокото научно звање научен советник/редовен професор во областа на деловни финансии, а во 2012 година повторно е избрана во редовен професор во областа на финансиски менаџмент.

Во периодот 2006 – 2008 година била раководител на втор циклус студии по Меѓународен менаџмент, а од 2008 година до денес раководи со насоката Финансиски менаџмент. Била прв раководител на студиите од трет циклус по организациски науки – менаџмент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во периодот 2012-2016 година. Од ноември 2009 до септември 2016 година била директор на Економскиот институт. Во јуни 2016 година е избрана за проректор за финансии, инвестиции и развој на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на која функција е и вторпат избрана и во 2020 година за мандатниот период 2020-2023 година. Од 2016 до 2023 година е претседател на Комисијата за финансии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и на Комисијата за издавачка дејност на Универзитетот. Од 2016 година е член на академскиот борд на Конфучиј Институтот при УКИМ и активно работи на научна соработка меѓу Универзитетот за финансии и банкарство во Ченгду, Република Кина и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Од 2018 година е претседател на надзорниот одбор на Универзитетското друштво за иновации и трансфер на технологии „ИНОФЕИТ“. Од 2018 година е активно вклучена во активностите за промовирање и поддршка на Акцелераторот на УКИМ.

Била член на Комисијата за нострификација на странски високообразовни дипломи при Министерството за образование и наука во областа на општествените и хуманистичките науки. Била иницијатор и прв претседател на Меѓународната асоцијација на економски институти на земјите на Југоисточна Европа во периодот 2012-2013 година. Во 2016 година е избрана за независен член на Надзорниот одбор на Халк Банка Скопје. Учествувала во формирањето на Асоцијацијата за банкарство и информатичка технологија, препознатлива по спроведување на стручни обуки за вработените во банкарскиот сектор, каде е назначена за член на Академскиот одбор. Од 2014 до 2018 година била претседател на Комисијата за доделување на државни ордени и признанија во кабинетот на Претседателот на Република Македонија.

Автор е на повеќе од 70 публикувани научни трудови и трудови презентирани на конференции и печатени во меѓународни списанија, 10 учебници, учебни помагала и прирачници, а учествувала во реализацијата на голем број научноистражувачки и апликативни проекти. Реализирала студиски престои на универзитети и институции во повеќе земји.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран