
На 27 април 2026 година, околу 13:00 часот, на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје привеле малолетно лице.
Како што информира полицијата, малолетникот околу 11:40 часот нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, при што употребил тврди предмети.
По приведувањето, лицето било задржано за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.























