
Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, соопшти дека Европската комисија потврдила оти нема неправилности во ИПАРД програмата, по што средствата повторно се ставени на располагање за македонските земјоделци.
Проданоски истакна дека ова е добра вест за земјоделците и значајна можност за понатамошен развој на земјоделството, како и за модернизација на производствените капацитети.
Според него, обновената достапност на средствата ќе придонесе за нови инвестиции и унапредување на земјоделското производство во регионот на Прилеп и пошироко.
Тој нагласи дека поддршката преку ИПАРД програмата претставува важен инструмент за зајакнување на руралната економија и подобрување на условите за работа на земјоделците.























