
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека секој можен договор со Иран ќе зависи од неколку клучни услови, меѓу кои целосно запирање на програмата за збогатување ураниум, отстранување на веќе збогатениот материјал и повторно отворање на Ормутскиот теснец.
Во видео обраќање, Нетанјаху нагласи дека Израел е во постојана координација со САД и дека двете земји имаат усогласени цели во однос на Иран.
„Подготвени сме за секое сценарио, вклучително и продолжување на нападите“, порача тој, потенцирајќи дека без исполнување на условите нема да има напредок во разговорите.
Осврнувајќи се на регионалната ситуација, Нетанјаху истакна дека Израел бара разоружување на Хезболах и воспоставување траен мир во Либан, додека воените операции во јужниот дел од земјата продолжуваат.























