УТРО.мк

Република Македонија има ефикасен систем за контрола на трошењето на парите од ИПАРД, скандалот во АФПЗРР изолиран случај

Република Македонија има ефикасен систем за контрола на трошењето на парите од ИПАРД, скандалот во АФПЗРР изолиран случај
Vero
ministerstvo za finansii
ministerstvo za finansii

30 април 2026, Скопје – Во Република Македонија воспоставениот систем на ИПАРД структурата функционира на ефективен и ефикасен начин, внатрешната контролна рамка е правилно воспоставена и почитувана и трансакциите се извршуваат законски и редовно. Ова е констатацијата на НАО/Управувачката структура во Министерство за финансии по спроведените контроли во периодот ноември 2025 до април 2026 година,  по донесената одлука за суспендирање на сите плаќања и превземање на нови финансиски обврски од ИПАРД Програмите поради случајот со сомнеж за коруптивни активности во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Констатацијата на НАО, Управувачката стурктура е дека отворениот случај на нерегуларности поврзан со претходниот директор се смета за изолиран коруптивен случај којшто не треба да го загрози функционирањето на ИПАРД структурата, спроведувањето на ИПАРД Програмата, ниту угледот на оваа Програма и ИПАРД Структурите.  

Од страна на Европската Комисија, ДГ АГРИ, препознаени се напорите и преземените активности од страна на тимот на Управувачката структура и на тоа следи и повлекувањето на  прекинот на исплатите за третиот и четвртиот квартал во 2025 година.Контролите по отворениот случај се спроведени во над 70 % од сите апликации на ИПАРД Програмата 2021-2027, а врз основа на детален план подготвен од страна на НАО/Управувачката структура во Министерство за финансии.

Одлуката за  повлекување на суспензијата за плаќања и преземање нови финансиски обврски од ИПАРД програмите ја издаде Националниот кородинатор за авторизација, по што од 28 април 2026 година продолжува редовна да се извршуваат исплатите и преземањето на нови финансиски обврски согласно воспоставените процедури за работа и законски одредби.Националниот координатор за авторизација (НАО), поддржан од Управувачката структура, продолжува да го следи и надгледува системот за управување и контрола со цел ефикасно функционирање на ИПАРД структурата и за истото ќе доставува редовни двомесечни информации до Европската Комисија.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран