Во угостителски објект на плоштадот „Св. Климент Охридски“ во самиот центар на Охрид, на 30 јули, дошло до физичка пресметка меѓу 25-годишна српска државјанка со иницијали Т.С. и 49-годишен охриѓанец Г.М., при што напаѓачката употребила нож.
Инцидентот се случил во текот на вчерашниот ден, а полицијата веднаш реагирала по пријавата за нарушен јавен ред и мир. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, нападот бил извршен со остар предмет – нож, а двајцата учесници се приведени.
Против нив ќе биде поведена соодветна постапка. Мотивите за пресметката засега не се соопштуваат. Очекуваат подетални информации по завршување на истрагата.