Двајца мажи од Куманово, на возраст од 30 и 25 години, биле приведени на 31 јули од страна на полициски службеници на СВР Куманово, по пријава за пукање со огнено оружје за време на семејна веселба.
По добиената пријава, полицијата со судска наредба извршила претрес во нивниот дом, при што бил пронајден и одземен пиштол за кој постои сомнение дека бил употребен при инцидентот.
Приведените лица биле задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.