УТРО.мк

РАЗОТКРИЕНА ФАБРИКА ЗА ЛАЖНИ ЕВРА: ШЕСТМИНА ОБВИНЕТИ, НАД 100.000 ФАЛСИФИКУВАНИ БАНКНОТИ ВО ОПТЕК

РАЗОТКРИЕНА ФАБРИКА ЗА ЛАЖНИ ЕВРА: ШЕСТМИНА ОБВИНЕТИ, НАД 100.000 ФАЛСИФИКУВАНИ БАНКНОТИ ВО ОПТЕК
Vero

Шест лица се обвинети за учество во организирана злосторничка група која фалсификувала евра и пуштала лажни пари во оптек, соопшти Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Првообвинетиот ја водел целата операција, обезбедувал опрема и координирал со останатите членови на групата, која делувала од крајот на 2023 до февруари 2025 година, на територија на Македонија и Србија.

Петмина обвинети се товарат за „Фалсификување пари“, додека првообвинетиот и уште едно лице се обвинети и за „Правење, набавување или отуѓување средства за фалсификување“. Шестотоосомничениот бил одговорен за изработка и одржување на машините за печатење.

Според Обвинителството, во периодот на делување биле произведени и пуштени во оптек 114.150 евра во фалсификувани банкноти, во апоени од 20, 50, 100 и 200 евра. Тие биле продавани на заинтересирани купувачи во Србија по цена од 25 до 30 отсто од нивната номинална вредност. Со тоа, групата инкасирала најмалку 42.400 евра.

Во истрагата се обезбедени докази за набавка на материјали, изработка на високо прецизни машини, како и за продажните канали во Србија. Обвинение е поднесено против шест македонски државјани, додека во Србија продолжува истрагата против уште шестмина осомничени српски државјани.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран