УТРО.мк

ФИЛМСКА ПОТЕРА ВО СКОПЈЕ: УАПСЕНИ ДВАЈЦА КОСОВЦИ СО ОСУМ МИГРАНТИ ОД КИНА

ФИЛМСКА ПОТЕРА ВО СКОПЈЕ: УАПСЕНИ ДВАЈЦА КОСОВЦИ СО ОСУМ МИГРАНТИ ОД КИНА
Vero

Двајца државјани на Косово се уапсени синоќа по драматична полициска потера на автопатот кај Скопје, откако биле фатени како превезуваат осум мигранти од Кина. Потерата, проследена со истрели, оштетени возила и урнати рампи, заврши кај излезот Визбегово, каде возилото излета од патот.

Како што информираат од МВР, уапсените се Г.Л. (24) и Б.Л. (18). Тие при бегство ја оштетиле рампата на наплатната станица во Градско, а во Катланово удриле во „Опел Инсигниа“ со странски регистарски таблички и мотоцикл со македонски ознаки. Потерата продолжила и во Петровец, каде што дополнително ја урнале и рампата на наплатната станица.

„На клучката за Приштина, возилото излетало од патот, по што еден од осомничените се обидел да побегне и физички нападнал полициски службеник. Со употреба на сила бил совладан и приведен“, соопштуваат од МВР.

Во обид да го запрат возилото, полициските службеници испукале предупредувачки куршуми, но никој не бил повреден. Двајцата осомничени се пренесени во полициска станица, а мигрантите се сместени во транзитен центар. Против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран