УТРО.мк

Три цунами бранови погодија Руски град: Евакуации, штети и страв

Три цунами бранови погодија Руски град: Евакуации, штети и страв
Vero

Рускиот пристанишен град Северо-Курилск беше погоден од три последователни цунами бранови, предизвикани од силен земјотрес со јачина од 8,8 степени според Рихтеровата скала што го затресе полуостровот Камчатка.

Последниот, трет бран бил најсилен – поплавил делови од градот, ја оштетил пристанишната инфраструктура и одвлече неколку бродови длабоко во теснецот. Видеа објавени на социјалните мрежи го прикажуваат моментот кога водата навлегува во урбаниот дел на градот, додека жителите, околу 2.000 на број, беа итно евакуирани на повисоки и побезбедни локации.

Министерството за вонредни ситуации потврди сериозни штети, а локалните власти во Сахалинската област веднаш мобилизираа сили и ресурси за справување со последиците. Цунамито достигнало висина до четири метри, а потресот предизвикал и оштетувања на неколку згради и паника меѓу населението.

Ситуацијата е под внимателен надзор, а рускиот Далечен Исток останува во состојба на висока готовност поради можна дополнителна сеизмичка активност.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран