УТРО.мк

Бурна реакција од ДУИ-Сарај до Али Ахмети: Ни ги скрши срцата на 10.000 гласачи, Илјаз Весели заслужуваше цел мандат

Бурна реакција од ДУИ-Сарај до Али Ахмети: Ни ги скрши срцата на 10.000 гласачи, Илјаз Весели заслужуваше цел мандат
Vero

Драматичен политички раздор избувна во редовите на ДУИ откако Општинската организација на партијата во Сарај остро реагираше на одлуката на раководството да не го кандидира актуелниот градоначалник Илјаз Весели за нов мандат. Во јавна објава, од ДУИ-Сарај порачаа дека ова е „голема неправда“ кон најсилната партиска база и дека одлуката длабоко ги разочарала илјадници активисти и гласачи.

„Прости ни, претседателе! Ти беше најзаслужниот за еден полн четиригодишен мандат! Се скршија 10.000 срца. Почит Али Ахмети, но направи голема грешка со Сарај. Сарај, најсилната партиска организација во ДУИ, ги скрши срцата на сите активисти кои секогаш ви носеле победа“, стои во реакцијата.

Незадоволството дополнително ескалирало со одлуката за кандидирање на Блерант Рамадани од редовите на Алијанса за Албанците, што во Сарај се доживува како наметнување на надворешен кадар и потценување на сопствените структури.

„Вистинскиот активист ќе зборува во октомври“, се вели на крајот од соопштението, со јасна најава дека одлуката би можела да има сериозни последици по резултатот на ДУИ во оваа клучна општина.

Извор: Gazeta.mk

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран