УТРО.мк

ИНТЕРВЈУ. Сања Божиновска: Американскиот ЛНГ е стратешка можност која не смееме да ја пропуштиме

ИНТЕРВЈУ. Сања Божиновска: Американскиот ЛНГ е стратешка можност која не смееме да ја пропуштиме
Vero

Кога пред една година беше формирано новото Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, малкумина очекуваа дека за толку кратко време ќе се направат крупни системски поместувања во доменот – енергетика.  На чело на овој нов стратешки ресор застана Сања Божиновска, успешна деловна жена, која во македонската политика влегува, пред се, како експерт, и чија една година на функцијата е обележана со конкретни резултати: нов Закон за енергетика, реактивирани проекти, инвестиции во зелени капацитети, нови гасни интерконектори и активна вклученост во регионалните и европските енергетски процеси.

Во ова интервју, министерката Божиновска зборува отворено и прецизно за приоритетите на Владата во енергетиката, визијата за зелена транзиција, европската регулатива за прекин на увозот на руски гас, потенцијалот за ЛНГ снабдување од САД, улогата на енергетската дипломатија, како и за она што најмногу ги интересира граѓаните – дали ќе поскапи струјата.

Ставајќи го граѓанинот во центарот на реформите, Божиновска јасно порачува: реформите ќе бидат темелни и одржливи – но никогаш по цена на системски хаос.

1. Министерке, дозволете најнапред да изразиме благодарност што прифативте првото интервју кое го објавува нашиот портал, да биде токму со вас. 

Една година од формирањето на Министерството веќе ги гледаме првите сериозни резултати во доменот на енергетиката – од усвојувањето на Законот за енергетика, па сè до реактивирањето на проектите кои беа заглавени со години и новите инвестиции. Во овој контекст, би сакале да ве прашаме: какви се плановите за следниот период и што сметате дека треба да биде приоритет?

Сања Божиновска: Навистина, измина само една година, но енергијата со која започнавме да го градиме новото Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини веќе носи резултати.

Усвојувањето на новиот Закон за енергетика претставува темел на новата енергетска архитектура на државата. Со него обезбедуваме подобра регулација, транспарентност, конкурентност и, најважно, брза интеграција во европскиот енергетски пазар. Паралелно со тоа, веќе е во подготовка нов Закон за обновливи извори на енергија, со кој се отвораат вратите за инвестиции во соларна, ветерна, хидро и енергија од биомаса.

Горда сум што успеавме да реактивираме неколку стари проекти и да поттикнеме нови инвестиции во зелена енергија, особено во соларни електрани, ветропаркови и нови капацитети за складирање енергија – што е суштински чекор за зголемување на сигурноста и флексибилноста на системот.

Во следниот период, приоритет број еден ќе биде:

  • спроведување на пазарно поврзување (market coupling) со соседните држави, со што ќе обезбедиме поефикасно и поевтино снабдување;
  • декарбонизација на производството, односно постепено намалување на зависноста од јаглен и насочување кон чисти извори;
  • јакнење на рударскиот сектор, но врз основа на одржливост, контрола и социјална одговорност.

Нашата визија не е само техничка, туку системска, европска и одржлива. Ги поставуваме темелите за енергетска иднина што ќе биде стабилна, чиста и фер за сите граѓани.

Целото интервју може да го прочитате на energetika24.mk

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран