УТРО.мк

Се обидел да запали викендица во Струмица – обвинителството бара притвор за подметнувачот кај брана Водоча

Се обидел да запали викендица во Струмица – обвинителството бара притвор за подметнувачот кај брана Водоча
Vero

Обвинителството во Струмица побара притвор за лице осомничено за обид за подметнување пожар кај браната Водоча. Според Наредбата за спроведување истражна постапка, лицето е обвинето за тешки дела против општата сигурност.

Инцидентот се случил вчера попладне, кога осомничениот преку социјална мрежа му се заканил на жител на Струмица дека ќе му ја запали викендицата. Подоцна, на терен се обидел да ја реализира заканата.

Со факел направен од хартија и текстил, ги запалил дрвените греди на натстрешницата на објектот, предизвикувајќи чад и отворен оган. Пожарот се заканувал да се прошири и на околните викенд-куќи и вегетација, предизвикувајќи сериозна опасност за поширокото подрачје.

Јавниот обвинител побара мерка притвор поради опасност од бегство и можност за повторување или довршување на делото. Предлогот е доставен до судија на претходна постапка.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран