Трагедија го потресе Гостивар рано утрово, откако 18-годишното момче А.Б. го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа на улицата „Илинденска“. Според информациите од ОВР Гостивар, младото момче починало на лице место од здобиените повреди.
Несреќата се случила кога во мотоциклот, управуван од А.Б., удрило патничко возило марка „БМВ“ со швајцарски национални ознаки, управувано од И.М. (38) од селото Балиндол.
Возачот на автомобилот е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.