УТРО.мк

Нападнати полицајци со тврд предмет по семејна расправија

Нападнати полицајци со тврд предмет по семејна расправија
Vero

Во селско домаќинство во општина Свети Николе, 43-годишен маж заврши со лисици на рацете откако најпрво се заканувал на членовите од семејството, а потоа нападнал и полициски службеник.

Како што информираа од МВР, инцидентот се случил синоќа околу 23:10 часот. Во дворот од семејната куќа, И.С. (43) најпрво упатувал вербални закани кон неговиот 70-годишен татко и неговиот брат. Откако бил пријавен случајот, на местото пристигнала полициска патрола од ОВР Свети Николе.

При интервенцијата, лицето не само што не се смирило, туку агресивно реагирало и со тврд предмет нападнал еден од полицајците кој постапувал по службена должност. Тој веднаш бил приведен и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран