Полициски службеници на Граничниот премин Долно Блаце го приведоа 20-годишниот А.И. од селото Туин, кичевско, откако се утврдило дека возилото кое го управувал е украдено.
Настанот се случил на 29 јули 2025 година, околу 19:45 часот, кога при гранична контрола било утврдено дека патничкото возило „БМВ“ со швајцарски регистарски таблички е евидентирано во базата на Интерпол како украдено возило.
А.И. веднаш бил лишен од слобода, а возилото е задржано. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.