Борбен авион Ф-35 се урна во близина на поморската воздухопловна база Лемур во Калифорнија, потврдија американските воени власти.
Инцидентот се случил во централниот дел на сојузната држава, околу 40 милји југозападно од градот Фресно. Пилотот на авионот навремено се катапултирал и е во добра здравствена состојба, соопшти базата Лемур.
„Немало други вклучени лица во инцидентот“, се наведува во кусото соопштение. Причините за несреќата засега не се познати, а истрагата е во тек.
Ф-35 е еден од најсовремените ловци во светот, со невидливост за радар, напредна електроника и голема маневрабилност. Овој инцидент повторно ја отвори дебатата за безбедноста и трошоците поврзани со програмата на Ф-35, која е најскапата програма за воени авиони досега.