УТРО.мк

Швајцарија обезбедува 7,5 милиони франци за јакнење на јавните комунални претпријатија во Македонија

Швајцарија обезбедува 7,5 милиони франци за јакнење на јавните комунални претпријатија во Македонија
Vero

Во Министерството за животна средина и просторно планирање денеска се одржува свечена церемонија на потпишување договори во рамки на новата швајцарска поддршка за јавните комунални претпријатија во земјата.

Како што соопшти Министерството, договорите се во вредност од 7,5 милиони швајцарски франци и се наменети за техничка и финансиска поддршка на комуналните претпријатија во седум општини низ Северна Македонија, со цел да се зајакне нивната отпорност, ефикасност и долгорочна одржливост.

На настанот ќе се обратат и ќе ги потпишат договорите првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, како и амбасадорката на Швајцарската Конфедерација, Вероник Улман.

Швајцарската поддршка е дел од пошироката програма за соработка со Македонија и претставува значаен чекор кон унапредување на јавните услуги и заштита на животната средина на локално ниво.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран