Првиот заменик‑премиер на Владата на Северна Македонија, Изет Меџити, во интервју за Euro News Albania потврди дека повторно ќе се кандидира за градоначалник на Општина Чаир.
„Да, ќе се кандидирам, ќе бидам кандидат за градоначалник на Општина Чаир. Јас сум првиот градоначалник на Чаир кој раководеше 13 години. Сега речиси една година сум прв заменик‑премиер, но проценките и анализите на коалицијата ВЛЕН нè доведоа до заклучок дека треба повторно да се кандидирам во Општина Чаир,“ изјави Меџити.
Тој додаде дека трката ќе биде отворена, но е убеден во победата на коалицијата ВЛЕН:
„Трката е трка. Не сакам да бидам самоуверен, но секогаш кога сум се кандидирал во Чаир сум излегувал победник, и овој пат победник ќе биде ВЛЕН.“