УТРО.мк

Сендвичарницата „Седмица“ кај Грчката амбасада се затвора

Сендвичарницата „Седмица“ кај Грчката амбасада се затвора
Vero

По речиси 40 години постоење, една од најпрепознатливите скопски сендвичарници, „Седмица“, лоцирана во близина на Грчката амбасада, престанува со работа. Веста за затворањето брзо се прошири на социјалните мрежи, каде бројни граѓани споделуваат лични спомени и носталгични приказни поврзани со ова култно место.

За многумина, „Седмица“ останува симбол на едноставниот, но карактеристичен бургер, особено комбиниран со помфрит и препознатливиот мајонез со кари, кој со години беше еден од нејзините заштитни знаци. Посетителите ја опишуваат како место што успеало да опстане и покрај појавата на бројни модерни и „луксузни“ бургер-ресторани, задржувајќи ја верната публика низ повеќе генерации.

„И покрај сите нови трендови и гламурозни варијанти на бургери, „Седмица“ остана верна на својот стил и вкус. Денес го изедов последниот бургер таму“, стои во една од емотивните објави што кружат на интернет.

Во меѓувреме, пред околу една недела беше објавено дека трите објекти на синџирот „Седмица“ минатата година оствариле вкупен приход од околу 5,3 милиони евра. Според податоците, речиси целиот промет доаѓа од продажба на готови производи, а компанијата во континуитет бележи раст и на приходите и на добивката.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран