
Од МВР информираат дека на 29.04.2026 година, полициски службеници од ПО Ропотово во село Црнилиште, општина Долнени, ги лишиле од слобода Т.Т. (33) и Џ.Т. (59), двајцата од истото село, по претходна интервенција на службите.
Според информациите, претходно истиот ден во атарот на село Стровија, полициски службеници од Шумска полиција Прилеп затекнале двајцата при бесправна сеча на огревни дрва. При интервенцијата тие се однесувале агресивно кон службените лица, при што едно од лицата со моторна пила нападнало полициски службеник, по што двајцата побегнале.
По преземени мерки, лицата биле пронајдени и лишени од слобода, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.























