
На 30 април 2026 година во 15:40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на крстосницата помеѓу булеварот „Илинденска“ и улицата „Гостиварска“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа.
Според информациите, патничко возило „Фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.М. (29) од селото Пирок, удрило во пешакот С.Н. (74) од Тетово.
Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница во Тетово.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово, а се работи на целосно расчистување на случајот.























