
Малкумина знаат дека меѓу преживеаните од потонувањето на Титаник имало и Македонец. Станува збор за Стојко Додоловски, познат и како Стојко Каевиќ, роден во 1896 година во селото Чучер, во Скопска Црна Гора.
Како млад, на само 16 години, тој заминал за САД, бегајќи од тешките услови во тогашното време. Судбината сакала токму тој да се најде на Титаник, откако во последен момент успеал да обезбеди билет од свештеник кој бил спречен да патува.
На 15 април 1912 година, кога бродот удрил во ледена санта, Додоловски се соочил со борба за живот. Успеал да дофати појас за спасување и да скокне во ледената вода. Потоа се фатил за еден од чамците за спасување, но патниците не му дозволиле да се качи.
И покрај студот и исцрпеноста, тој се држел за чамецот сè додека не бил забележан и спасен од офицер, кој таа ноќ спасил повеќе луѓе од водата.
По трагедијата, Додоловски го продолжил животот во Чикаго, каде што и починал. Неговата приказна останува силно сведоштво за храброста и волјата за преживување во една од најголемите поморски несреќи во историјата.























