УТРО.мк

Продолжен попустот на горивата до 18 мај – дизелот поевтинува за 3 денари, бензините за 2

Продолжен попустот на горивата до 18 мај – дизелот поевтинува за 3 денари, бензините за 2
Vero

Владата информира дека, по разговори со компанијата ОКТА, мерката за намалување на цените на горивата ќе продолжи да важи до 18 мај 2026 година, со цел ублажување на ценовните притисоци врз граѓаните и стопанството.

Со оваа одлука, малопродажните цени на горивата остануваат намалени, при што попустот изнесува 3 денари по литар за дизел горивото и 2 денари по литар за бензините од 95 и 98 октани.

Од Владата потенцираат дека остануваат посветени на преземање навремени и ефикасни мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните, особено во услови на увезена ценовна криза и глобални енергетски предизвици.

„Во координација со надлежните институции и економските оператори ќе продолжиме внимателно да ја следиме состојбата и да реагираме соодветно, со цел да обезбедиме стабилност и предвидливост на пазарот. Поддршката на економијата и грижата за граѓаните остануваат наш врвен приоритет“, наведуваат од Владата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран