УТРО.мк

АНБ: Радикална група поврзана со Исламска држава стои зад обидот за палење на синагогата во Скопје

АНБ: Радикална група поврзана со Исламска држава стои зад обидот за палење на синагогата во Скопје
Vero

Агенција за национална безбедност (АНБ) соопшти дека лицата кои учествувале во обидот за палење на синагогата во Скопје се дел од радикализирана групација која, според нивните сознанија, е идеолошки поврзана со глобалната мрежа на „Исламска држава“.

Од АНБ информираат дека по повикот на терористичката организација на почетокот на април, групата започнала со радикални и криминални активности, при што биле идентификувани повеќе лица и објекти поврзани со нивната логистичка мрежа.

Во координација со Обвинителството и Министерството за внатрешни работи, на 30 април била спроведена акција во која биле лишени од слобода седум лица, а извршени биле претреси на 13 локации во Скопје. При акцијата биле одземени и електронски уреди и други предмети кои ќе бидат предмет на понатамошна анализа.

Според информациите, истрагата е насочена кон утврдување на мотивите и директните извршители на обидот за палење на објектот на Еврејската заедница во Скопје, кој се случи на 12 април.

Министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар, ја поздрави брзата реакција на македонските институции, оценувајќи дека акцијата претставува јасна порака за заштита на Еврејската заедница и справување со антисемитизмот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран