УТРО.мк

Објавена фотографија од “вонземјанинот” кој упадна во училиште во Македонија и направи хаос

Објавена фотографија од “вонземјанинот” кој упадна во училиште во Македонија и направи хаос
Vero

Маскирано лице демолирало училници во ОУ „Ванчо Прќе“ во Штип, вчера без настава останаа над 1.100 ученици.

Во основното училиште „Ванчо Прќе“ во Штип синоќа е извршен вандалски упад при што се оштетени училници, инвентар и дел од училишната опрема, поради што вчера е прекината наставата за повеќе од 1.100 ученици.

Според првичните информации, маскирано лице околу полноќ насилно влегло во објектот кој се наоѓа во централното градско подрачје, при што претходно биле онеспособени дел од безбедносните камери.

Во внатрешноста е предизвикана материјална штета, оштетени се монитори и друг инвентар, а на ѕидовите се испишани графити со недолична содржина. Дополнително, биле пуштени чешмите, при што најголемиот дел од штетата е евидентиран во просториите каде што се одвива наставата за учениците од петто до деветто одделение.

Од СВР Штип информираат дека случајот бил пријавен вчера утрото.

„На 30.04.2026 година, во 06:18 часот, во СВР Штип е пријавено дека во основно училиште на подрачјето на Штип, едно лице насилно влегло во просторија на училиштето, при што оштетило дел од инвентарот, монитори и испишало графити со недолична содржина. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од полицијата.

Директорот на училиштето изјави дека според снимките од видеонадзорот се работи за едно лице и најави дека оштетените кабинети ќе бидат оспособени во рок од три дена, по што наставата се очекува да продолжи од почетокот на следната недела. Родителите и учениците ќе бидат дополнително информирани.

Во приземниот дел од објектот, според првичните информации, нема поголеми оштетувања.

Извор: newz24live

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран