УТРО.мк

ВЛЕН: Милиони евра од граѓаните завршиле кај лица и фирми блиски до Ахмети и Османи

ВЛЕН: Милиони евра од граѓаните завршиле кај лица и фирми блиски до Ахмети и Османи
Vero

Коалицијата ВЛЕН обвини дека милиони евра од државниот буџет завршиле кај лица и компании поврзани со раководството на ДУИ, оценувајќи дека со години се злоупотребувале јавни средства преку контроверзни договори и проекти.

Од ВЛЕН наведуваат дека наместо да се одговори зошто проектот за интерконекција со Албанија бил блокиран повеќе од пет години, ДУИ, како што велат, се обидува да ја префрли одговорноста и да ги прикрие сопствените неуспеси и интереси.

Според нивните тврдења, раскинувањето на договор кој не бил реализиран, но повлекол значителни средства од граѓаните, предизвикува паника кај ДУИ. Тие обвинуваат дека во рамки на проектот се појавувале подизведувачи блиски до раководството на партијата, меѓу кои, како што тврдат, и лица поврзани со Али Ахмети и Бујар Османи.

ВЛЕН тврди дека преку „фиктивни договори и нереализирани обврски“ биле пренасочувани јавни средства кон фирми блиски до ДУИ, додавајќи дека не се согласуваат со нови анекси во вредност од над 8 милиони евра, кои, според нив, би можеле дополнително да го оптоварат буџетот.

Во реакцијата се наведува и дека проектот со години имал минимална реализација на терен, додека истовремено се барале дополнителни средства и зголемувања на вредноста на договорите.

Од ВЛЕН посочуваат дека одлуката за раскинување на договорот не е произволна, туку донесена по детални анализи и во координација со меѓународни финансиски институции, меѓу кои и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Дополнително, тврдат дека претходно била спроведена и форензичка анализа во рамки на проект поддржан од УСАИД, врз основа на која биле дадени препораки за постапување.

ВЛЕН ја обвини ДУИ и дека со години ги одложувала и блокирала стратешките енергетски и инфраструктурни проекти кон Албанија и Косово, оценувајќи дека сегашните реакции се резултат на „политичка паника“.

Од коалицијата порачуваат дека ќе продолжат со, како што велат, реализација на инфраструктурни проекти и транспарентно управување со јавните средства.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран