УТРО.мк

ВИДЕО – Долги колони на Богородица–Евзони: празничниот викенд ги наполни границите кон Грција

ВИДЕО – Долги колони на Богородица–Евзони: празничниот викенд ги наполни границите кон Грција
Vero

Продолжениот празничен викенд повторно донесе засилен сообраќај на граничните премини, а најголем метеж утрово е забележан на преминот Богородица–Евзони, каде што се формираа долги колони возила за влез во Грција.

И покрај нецелосно поволните временски услови, голем број македонски граѓани традиционално се упатија кон јужниот сосед за да го поминат празничниот викенд покрај море. Видео објава споделена од Телевизија Стар утрово прикажува значителни задржувања и бавен проток на возила на самиот граничен премин.

Дополнително, засилениот интензитет на сообраќај се очекува и поради патниците од регионот, особено од Србија, кои често ја користат оваа рута за патување кон Грција.

Според информациите на туристичкиот портал „Пут до Грчке“, првиот бран патници започнал уште во четврток попладне и вечерта, веднаш по завршување на работните обврски. Вториот, и традиционално најсилен бран, се очекува во петок наутро, кога најголем број граѓани тргнуваат на викенд-патувања, што дополнително придонесува за подолги задржувања.

Граничниот премин Богородица–Евзони останува најфреквентната точка за влез во Грција за патниците од Балканот, па токму тука за време на празници најчесто се создаваат најголеми гужви.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран