
Националниот парк Шар Планина упати апел до граѓаните и посетителите по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, со повик за одговорно и внимателно однесување при престој во природа.
Од паркот порачуваат дека сите посетители се добредојдени да уживаат во природните убавини на Шар Планина, но истовремено мора да придонесат за заштита на животната средина и безбедноста на просторот.
Посебен акцент се става на забраната за палење оган на недозволени места, како и на обврската секој евентуален оган целосно да се изгасне по користење. Дополнително, се апелира да не се остава отпад во природата и да се почитуваат растителниот и животинскиот свет.
Од Националниот парк предупредуваат дека и најмала невнимателност може да предизвика сериозни последици, особено во периоди со зголемена посетеност.























