УТРО.мк

Британска актерка уапсена во Турција – ѝ се закануваат три години затвор поради наводна кражба во „Зара“

Британска актерка уапсена во Турција – ѝ се закануваат три години затвор поради наводна кражба во „Зара“
Vero

Британската актерка Серс е уапсена во Турција, откако била обвинета за наводна кражба во продавницата „Зара“. Според нејзиното сведоштво за британскиот таблоид The Sun, таа ненамерно излегла од продавницата без да плати за неколку предмети, но веднаш откако го сфатила пропустот се вратила за да ги плати.

И покрај тоа што ги предала предметите и понудила пари, вработените ја задржале во продавницата околу три часа, а потоа била приведена од полицијата. Таа тврди дека во полициската станица ѝ биле понудени документи за потпишување, кои не можела да ги прочита бидејќи не биле на јазик што го разбира.

Серс поминала 24 часа во затворска ќелија без храна и без пристап до тоалет, а кога побарала вода, полицијата ѝ одговорила дека „не ја разбира“. По ослободувањето, судот ѝ наложил забрана за напуштање на Турција додека трае истрагата. Доколку биде прогласена за виновна, ѝ се заканува казна затвор до три години.

Во меѓувреме, поради финансиски проблеми и неможноста да работи, таа била згрижена од локално турско семејство, кое ѝ понудило храна и сместување. На социјалните мрежи, актерката се заблагодарила на поддршката која ја добива од јавноста:

„Добро сум и не ги заслужувам сите овие убави зборови, но сум многу благодарна“, напиша таа.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран