УТРО.мк

Инспекторка и граѓанка пријавени за узурпација на државно земјиште – објект никнал без документација

Инспекторка и граѓанка пријавени за узурпација на државно земјиште – објект никнал без документација
Vero

Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против две лица од Струмица – С.О. (60) и В.Р. (49), поради сомнение за злоупотреба на службена положба и узурпација на државна сопственост.

С.О., во својство на градежен инспектор, на 5 март 2025 година извршила инспекциски надзор на објект во село Дабиље, поставен на катастарска парцела во сопственост на В.Р. Но, според полицијата, инспекторката не ги забележала очигледните измени на димензиите и површината на објектот, иако тој не одговарал со легализираниот објект од 2013 година.

Со тоа, таа ѝ овозможила на В.Р. да изгради објект на државно земјиште без потребна документација, со што и двете се соочуваат со сериозни обвиненија.

Против С.О. е поднесена пријава за „несовесно работење во службата“ и „узурпација на недвижности“, а В.Р. се товари за „узурпација на недвижности“. Случајот е предаден на надлежното обвинителство.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран